И на стартот на меѓународната сцена во новата сезона на европските фудбалски купови Комисиите на УЕФА не ги забораваат претставниците на Фудбалската федерација на Македонија кои од година во година го потврдуваат својот квалитет со успешно извршените задачи.
Меѓу првите на европската сцена ќе се појави менаџерот за фудбал во ФФМ, Жаре Игњатовски кој вечерва во Чешка ќе биде организациски директор на мечот меѓу Викторија Плзен и португалскиот клуб Порто во седмото коло од групната фаза во Лигата на Европа. Пред почетокот на плеј-оф натпреварите, во конкуренција на 36 клуба Викторија Плзен се наоѓа на 14. место со 10 бода. На шест досега одиграни натпревари Викторија Плзен има две победи и четири нерешени меча.
Игњатовски досега ја вршеше директорската фунција на три натпревари во Плзен, на средбите со Малме, Фрајбург и Фенербахче.
Порто во изминатите шест средби има подобар биланс од Викторија Плзен, со четири победи, една нерешена игра и еден пораз. Со 13 освоени бода се наоѓа на 8. место на табелата.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

