Жарко Игњатовски ѝ носи среќа на Викторија Плзен  

Претставникот на Фудбалската федерација на Македонија, искусниот фудбалски работник, Жарко Игњатовски,  кој се наоѓа на делегатската листа на УЕФА, повторно ќе патува за Плзен каде по четврти пат во оваа лига ќе биде организационен директор на реванш средбата од нокаут фазата со Панатенаикос од Грција што ќе се одигра на  26. февруари. Првата средба во Атина заврши без победник 2:2 . Досега, откако стартуваше новата сезона 2025/26 на Лига на Европа Викторија Плзен  има одиграно осум натпревари,  од кои забележа три победи, пет нерешени средби без ниту еден пораз.

На домашен терен, на кој Игњатовски беше организационен директор го победи Малме со 3:0, играше нерешено со Порто 1:1, Фрајбург 0:0 и Фенербахче 0:0.  На гостувањата исто така во групната фаза Викторија Плзен ги има победено Базел со 1:0 и Рома со 2:1 , додека играше нерешено со Ференцварош  0:0 и со Панатенаикос 2:2 минатата недела.

Останува да видиме дали Игњатовски и на реванш средбата со Панатенаикос ќе им донесе среќа на чешките фудбалери. Од самиот почеток на годинашниве натпревари во Лигата на Европа Жарко Игњатовски од УЕФА беше назначен  во функција на организационен директор на Викторија Плзен. Претходните години оваа функција ја имаше на натпреварите на Динамо од Загреб  во Лигата на европските шампиони и на украинскиот претставник Зорја Луганск.

Од македонските судии оваа недела ќе биде ангажиран  само Игор Стојчевски кој во Мадрид ќе биде  главен судија на средбата мегу Реал и Челзи во рамките на Лигата на европските шампиони за млади, играчи до 19 години. Ќе му помагаат Вјолца Изеири и Филип Ицковски.

   М.М

Се вчитува...