АБА од оваа сезона ја воведува функцијата, амбасадор на Лигата. Првиот кој ја понесе оваа титула е легендата на српската и на европската кошарка, Жарко Паспаљ.
„Со радост и задоволство ја прифатив поканата да бидам амбасадор на АБА лигата. Тоа е најквалитетното натпреварување во регионот, не само во кошарката, туку и воопшто во спортот. Ова натпреварување се афирмираше како главен филтер за клубовите од регионот кон Евролигата“ – изјави Паспаљ.
Промоцијата на Паспаљ се одржа на денот кога стартува Супер-купот во АБА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА