Жарко Пешевски е нов капитен на Пелистер

Македонскиот ракометен шампион Пелистер денеска во Маврово ги почна подготовките за новата сезона во која по долга пауза повторно ќе игра во Лигата на шампионите.

Подготовките во Маврово течат во одличен ритам, а од битолскиот тим денеска стигна потврда и за новиот капитен.

Капитенската лента во новата сезона ќе ја носи репрезентативниот пикер, Жарко Пешевски, а негови заменици ќе бидат Марио Танкоски и Ненад Костески.

Се вчитува...