Жарко Пешевски го продолжи договорот со Пелистер

Ракометниот шампион на Македонија го продолжи договорот со репрезентативниот кружен напаѓач и еден од капитените на тимот, Жарко Пешевски кој се обврза на нов едногодишен договор, со опција за продолжување на уште една сезона.

„По враќањето од Германија, Пешевски пронајде своја нова домашна средина во Битола и задоволство ни е што нашиот проект се совпаѓа со неговиот. На половина година од истекот на стариот договор парафиравме нов, со желба и тој да биде успешен како претходниот“, стои во соопштението од Пелистер. 

33-годишниот Жарко Пешевски пред две и пол години од Штутгарт се врати во Македонија и потпиша за Пелистер. Покрај овие два клуба настапуваше уште за Металург и Мотор Запорожје.

Се вчитува...