Дуелот меѓу двајцата македонски репрезентативци во Лигата на шампионите – Жарко Пешевски со Мотор Запорожје и Кире Лазаров со Нант, на кој дополнителен македонски белег му дадода и судиите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, заврши без победник (30-30). Украинскиот тим во поголем дел од натпреварот беше во водство, но не издржа во тоа темпо до крај. На три минути пред крај Кире Лазаров изедначи на 29-29 и го спаси Нант од пораз на гостувањето во Украина.
Украинскиот тим добро го отвори натпреварот и во поголем дел од првото полувреме беше во предност со 2-3 гола разлика. Нант успеа да ја анулира негативата и со серија од 5-1 на кратко поведе со 11-13. Но, сепак во финишот на полувремето поуспешни беа домаќините и на одмор заминаа со гол предност (15-14).
Мотор Запорожје го задржа овој ритам и во вториот дел и успеа да ја задржи иницијативата и позитивата поведувајќи со 19-16. Дури во финишот на три минути пред крај, Нант дојде до изедначување на 29-29 со шестиот погодок на Лазаров. До крај двата тима постигнаа уште по еден гол и резултатот остана нерешен.
Жарко Пешевски не се запиша во листата на стрелците на овој дуел во кој Мотор Запорожје во победата го предводеше Артем Козакевич со осум погодоци.
Кире Лазаров одново беше на висина на задачата постигнувајќи шест гола и заврши како втор стрелец во составот на Нант зад Николас Турна кој постигна осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА