Македонскиот репрезентативец во дресот на Металург, Жарко Пешевски е дел од идеалниот тим во реагионалната СЕХА лига за месец декември.
„Младиот џин од Скопје расте се подобро и подобро од сезона во сезона. Тој е еден од најважните играчи во тимот оваа сезона. Добар стрелец кој ја покажа својата вредност со седум гола против Целје, пет против Вардар и четири со Нексе“ , стои во описот на Пешевски на официјалниот сајт на СЕХА лигата.
Покрај пикерот на Металург, избраните седум место има и десниот бек на Вардар, Хорхе Македа.
Тим на месецот во СЕХА лигата:
Голман: Иван Пешиќ (Мешков Брест)
Лево крило: Јакуб Хрстка (Татран Прешов)
Лев бек: Дамир Бичаниќ (ППД Загреб)
Среден бек: Јака Малуш (Целје)
Десен бек: Хорхе Македа (Вардар)
Десно крило: Павле Бандука (Динамо Панчево)
Пикер: Жарко Пешевски (Металург)
Тренер: Бранко Тамше (Целје)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА