Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди во 1/16 финалето од Конференциската лига ќе игра против швајцарскиот Базел, одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Иван Тричковски и неговиот АЕК Ларнака за противник го добија украинскиот Днепар. Најинтересен се очекува да биде двомечот меѓу Брага и Фиорентина.
Првите натпревари во 1/16 финалето ќе се играат на 16. февруари додека реваншите се закажани за една недела подоцна.
Клубовите кои го освоија првото место во осумте групи во Конференциската лига ги чекаат победниците од овие парови во осминафиналето.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 1/16 ФИНАЛЕ:
КАРАБАК – ГЕНТ
ТРАБЗОНСПОР – БАЗЕЛ
ЛАЦИО – КЛУЖ
БОДО ГЛИМТ – ЛЕХ ПОЗНАЊ
БРАГА – ФИОРЕНТИНА
АЕК ЛАРНАКА – ДНЕПАР
ШЕРИФ Т. – ПАРТИЗАН
ЛУДОГОРЕЦ – АНДЕРЛЕХТ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА