ЖДРЕБ ЛЕ: Јунајтед со Бетис, Јуве против Фрајбург, Арсенал го извлече Спортинг Лисабон

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед за противник го доби Реал Бетис во осминафиналето од второто по ранг континентално натпреварување Лигата на Европа. Вториот премиерлигаш во оваа фаза Арсенал ќе одигра двомеч против незгодниот португалски великан Спортинг Лисабон. Интересно се очекува да биде и во мечот меѓу Рома и Реал Сосиедад.

Езгијан Алиоски и неговиот Фенербахче за противник го добија „специјалистот“ за ова натпреварување шпанската Севилја. Италијанскиот великан Јувентус за противник го доби германскиот Фрајбург, Леверкузен ќе игра со унгарски Ференцварош, а третите Германци Унион Берлин ќе се сретнат со белгискиот Унион.

Првите натпревари се закажани за 9. март, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.

ЛИГА ЕВРОПА 1/8 ФИНАЛЕ: 

УНИОН БЕРЛИН – УНИОН СЕНТ ЖИЛЕ

СЕВИЛЈА – ФЕНЕРБАХЧЕ

ЈУВЕНТУС – ФРАЈБУРГ 

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ФЕРЕНЦВАРОШ 

СПОРТИНГ Л. – АРСЕНАЛ 

МАНЧЕСТЕР Ј. – РЕАЛ БЕТИС 

РОМА – РЕАЛ СОСИЕДАД 

ШАХТЈОР – ФЕЕНОРД 

Се вчитува...