Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед повторно ќе патува во Севилја откако го доби и вториот тим од овој град во ждрепката за четвртфиналето од второто по ранг натпреварување на стариот континент Лигата на Европа. По големата елиминација над Арсенал, Спортинг Лисабон доби уште еден европски великан во името на Јувентус.
Жозе Мурињо и Рома во реприза на ланското финале во Конференциската лига ќе играат против Феенорд, а Баер Леверкузен го избра Унион Сен Жилон. Во полуфиналето подобриот од мечот Јувентус – Спортинг Л. ќе игра со победникот од Манчестер јунајтед – Севилја, додека Феенорд – Рома ќе играат со Баер Леверкузен – Унион Сен Жилон.
Првите четвртфинални натпревари во Лигата на Европа се закажани за 13. април, додека реваншите ќе се одиграат на 20. истиот месец. Полуфиналните дуели на програмата се на 11. и 18. мај.
ЛИГА ЕВРОПА 1/4 ФИНАЛЕ:
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – СЕВИЛЈА
ЈУВЕНТУС – СПОРТИНГЛ ЛИСАБОН
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – УНИОН СЕН ЖИЛОН
ФЕЕНОРД – РОМА
ЛИГА ЕВРОПА 1/2 ФИНАЛЕ:
ЈУВЕНТУС/СПОРТИНГЛ ЛИСАБОН – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД/СЕВИЛЈА
ФЕЕНОРД/РОМА – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН/УНИОН СЕН ЖИЛОН
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА