Жозе Мурињо и неговата Рома за противник го добија холандскиот Феенорд во 1/16 финалето од Лигата на Европа, одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Овој меч ќе биде реприза на првото финале во историјата на Конференциската лига во кое „римската волчица“ славеше над холандскиот противник.
Милан за противник во оваа фаза од натпреварувањето ќе го има францускиот Рен, а интересно се очекува да биде и во двомечот меѓу Шахтјор Доњецк и Олимпик Марсеј.
Првите натпревари ќе се играат на 15. февруари следната година, додека реваншите се закажани за една седмица подоцна.
ПАРОВИ ЛЕ 1/16 ФИНАЛЕ:
ФЕЕНОРД – РОМА
МИЛАН – РЕН
ЛЕНС – ФРАЈБУРГ
ЈАНГ БОЈС – СПОРТИНГ ЛИСАБОН
БЕНФИКА – ТУЛУЗ
БРАГА – КАРАБАХ
ГАЛАТАСАРАЈ – СПАРТА ПРАГА
ШАХТЈОР ДОЊЕЦК – ОЛИМПИК МАРСЕЈ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА