Еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас и неговиот Наполи за противник во осминафиналето во Лигата на шампионите ќе ја има шпанската Барселона, одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Актуелниот шампион Манчестер сити го доби џек-потот во името на Копенхаген, додека Реал Мадрид ќе игра со Лајпциг.
Интересно се очекува да биде и на дуелот меѓу минатогодишниот финалист Интер и шпанскиот Атлетико Мадрид. Пари Сен Жермен иако беше во шеширот на неносители имаше среќа на ждрепката бидејќи го извлече Реал Сосиедад.
Лидерот во Премиерлигата Арсенал за противник во осминафиналето ќе го има португалскиот великан Порто, а ПСВ Ајндховен ќе игра против Борусија Дортмунд.
Првиот осминафинални натпревари ќе се играат на 13. и 14. односно 20. и 21. февруари, додека реваншите се закажани за 5. и 6. и 12. и 13. март.
ПАРОВИ ЛШ 1/8 ФИНАЛЕ:
ПОРТО – АРСЕНАЛ
НАПОЛИ – БАРСЕЛОНА
ПСЖ – РЕАЛ СОСИЕДАД
ИНТЕР – АТЛЕТИКО МАДРИД
ПСВ АЈНДХОВЕН – БОРУСИЈА ДОРТМУНД
ЛАЦИО – БАЕРН МИНХЕН
КОПЕНХАГЕН – МАНЧЕСТЕР СИТИ
ЛАЈПЦИГ – РЕАЛ МАДРИД
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА