Се е подготвено за почетокот на американскиот гранслем УС Опен што традиционално се одржува во Њујорк, откако денеска беше одржана и ждрепката.
Новак Ѓоковиќ се најде на „половината“ на Карлос Алкараз, па Србинот би можел да се сретне со шпанскиот ас во полуфиналето (доколку двајцата стигнаат во оваа фаза), додека на втората половина од ждребот голем фаворит е првиот носител и бранител на трофејот, Јаник Синер.
Алкараз би можел да има незгодна задача на самиот старт ако се знае дека за противник во првото коло го доби Американецот Опелка, „џин“ со силен сервис што може да биде опасен за фаворитите, особено на тврда подлога како онаа во Њујорк.
Прв ривал на Ѓоковиќ ќе биде домашниот тенисер Лернер Тијен, 19-годишниот Американец кој моментно се наоѓа на 41. место на АТП-листата.
Јаник Синер одбраната на титулата ќе ја почне против Чехот Коприва, дуел на кој Италијанецот важи за апсолутен фаворит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

