Ждреб за Австралија Опен: Четвртфинале Ѓоковиќ против Алкараз?

Ждрепката за Австралија Опен најави многу возбудливи пресметки на првиот гранслем турнир во оваа 2025 година, а се очекува во главна улога да биде Новак Ѓоковиќ.

Србинот имаше слаба 2024 година и значителен пад на ранкингот, што само по себе значи и далеку потешки дуели во пораните фази од турнирот. Она што е најинтересно, ако Ѓоковиќ успее да стигне до четвртфиналето, таму ќе го очекува мега-пресметка со големиот ривал Карлос Алкараз, ако и Шпанецот ги мине претходните пречки во Мелбурн.

Новак во првото коло ќе се сретне со Американецот со индиско потекло, Нишеш Басавареди, во втората рунда ќе игра со Павел Котов или со квалификант, а интересно може да биде во третото коло, каде проектиран ривал му е незгодниот Томас Махач (26. на ранг-листата) или Рејли Опелка, кој неочекувано го совлада Ѓоковиќ минатата седмица на турнирот во Бризбејн.

Алкараз во првото коло од турнирот ќе се сретне со Шевчченко од Казахстан, Јаник Синер ќе го почне настапот во Мелбурн со пресметка со Николас Џари од Чиле, додека Александар Зверев за ривал во првото коло го доби Лука Пуј.

Се вчитува...