Ждреб за ЕП 2024: Хрватска и Албанија во „групата на смртта“, Србите ќе играат со Англија

Хамбург беше центарот на фудбалска Европа вечерва откако токму во овој град беше одржана ждрепката за групната фаза за претстојното ЕВРО 2024.

Домаќинот Германија доби одлична група, па за ривали во првата фаза ќе ги има Шкотска, Унгарија и Швајцарија. Најтешка барем на хартија се чини групата Б, каде европскиот првак Италија ќе се сретне со Шпанија, потоа со светскиот вицешампион Хрватска, како и со селекцијата на Албанија.

Англија беше носител на групата Ц, каде „гордиот албион“ го очекуваат пресметки со Србија, Словенија и со Данска, додека Франција, Холандија и Австрија за последен ривал во групата Д ќе имаат селекција што ќе дојде до билет за ЕП преку баражот од Лигата на Нации.

Најлесна барем на хартија се очекува да биде групата Е, каде ќе се сретнат Белгија, Словачка, Романија и селекцијата што преку бараж од Б групите од Лигата на нации ќе дојде до билет за овој европски шампионат.

Се вчитува...