Челси ќе ги одмери силите со Манчестер јунајтед во најинтересниот четвртфинален натпревар од ФА Купот на Англија. Вечерва по мечот Блекбурн – Манчестер јунајтед беа извлечени двојките за следната фаза, при што среќата не го следеше Жозе Мурињо, кој битката за влез во полуфиналето ќе ја води на гостувањето против неговиот поранешен клуб.
Тотенхем повторно ќе има лесна задача откако за противник го доби Милвол, меч што ќе се игра на „Вајт харт лејн“. Мидлсброу ќе биде домаќин на подобриот тим од двомечот меѓу Хадерсфилд и Манчестер сити.
Во последниот дуел Линколн, кој напиша историја со победата на гостувањето против Барнли, ќе гостува и во четвртфиналето, и тоа на подобриот од дуелот Сатон – Арсенал што на програмата ќе биде утре.
Четвртфиналните натпревари од ФА Купот на Англија на програмата ќе бидат во периодот од 10 до 13 март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА