Ждреб за КЛ: Лестер против Рен, Мурињо и Партизан ќе патуваат во Холандија

Англискиот Лестер ќе се сретне со Рен во најинтересниот натпревар од осминафиналната фаза во новоформираната Конференциска лига на УЕФА. Српскиот вицешампион Партизан ќе патува во Холандија каде ќе се сретне со холандскиот Феенорд.

Интересно се очекува да биде и во мечевите Олимпик Марсеј – Базел, Витесе – Рома, како и ПСВ Ајндховен – Копенхаген.

Првите мечеви од осминафиналната фаза се закажани за 10. март, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна. Финалниот натпревар на првото издание на Конференциската лига е закажано за 25. мај на „Комбетаре арената“ во Тирана.

КЛ 1/8 финални ПАРОВИ: 

О. Марсеј – Базел

Лестер – Рен

ПАОК – Гент

Витесе – Рома

ПСВ Ајндховен – Копенхаген

Славија Прага – ЛАСК Линц

Бодо Глимт – АЗ Алкмар

Партизан – Феенорд

Се вчитува...