Минатата недела заврши групната фаза од Лигата на шампионите, а по неа во осминафиналето се пласираа 16 екипи.
Ждрепката за првата рунда од нокаут фазата ќе се во 12 часот во Нион. Статусот на носители го постигнаа клубовите кои завршија на првото место во групата.
Носители се: Арсенал, Атлетико, Баерн, Барселона, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, додека неносители се: Копенхаген, Интер, Лацио, Лајпциг, Наполи, Пари Сен Жермен, Порто и ПСВ.
Дефинитивно сите сакаат да ги избегнат Пари Сен Жермен и Интер од вториот шешир, а можно е и реприза на ланското финале во кое Манчестер сити ги совлада токму „нероаѕурите“. Од првиот шешир секој би сакал да го добие Реал Сосиедад. Елиф Елмас и Наполи по ланското четвртфинале годинава ќе имаат многу потешка задача бидејќи голема е шансата во осминафиналето да добијат за противник некој од најголемите фаворити за титулата.
Првиот натпревар на домашен терен го играат клубовите кои не се носители. Во осминафиналето не можат да се сретнат два клуба од иста земја, како и два клуба кои беа во иста група.
Лигата на шампионите продолжува на 13. февруари следната година, а финалето се игра на Вембли на 1. јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА