Ждреп за ОИ: Ѓоковиќ против Надал уште во второто коло во Париз

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал би можеле да се сретнат веќе во втората рунда од Олимписките Игри во Париз, доколку двете тениски легенди ги минат своите први пречки во „градот на светлината“.

Тоа го одлучи денешната ждрепка извршена во француската метропола, која му го додели Австралиецот Метју Ебден за прв противник на Ѓоковиќ. Надал го почнува настапот на ОИ со дуел против Мартин Фучович од Унгарија, а победникот на овој меч во второто коло ќе се сретне со подобриот од дуелот Ѓоковиќ – Ебден.

Карлос Алкараз мина најдобро во денешната ждрепка, за противник во првото коло добивајќи го либанскиот анонимец Хади Хабиб. Алкараз и Надал ќе настапат заедно и во дубл, каде први противници ќе им бидат Аргентинците Гонзалез и Монтани.

Енди Мареј утрово објави дека нема да се натпреварува во сингл, туку само во дубл на овие Олимписки Игри.

Се вчитува...