Арсенал в среда ќе го пречека Манчестер Јунајтед во дербито на новата рунда во Премиер-лигата, а овие тимови повторно ќе се сретнат на „Емирати“ и на почетокот од 2025 година, во рамките од третото коло во ФА Купот на Англија.
Вечерва беше извршена ждрепката за двојките за третата рунда, во која се вклучуваат премиерлигашките клубови, а таа сакаше 14-кратниот освојувач Арсенал да го пречека Јунајтед, кој е бранител на трофејот од ланската сезона.
Шампионот Манчестер Сити ќе го пречека Салфорд, клуб чии сопственици се легендите на Манчестер Јунајтед од генерацијата 1992, Ливерпул на домашен терен ќе го пречека Акрингтон, а Челси е голем фаворит пред своиет гледачи против Морекамб. Во дуел на две премиерлигашки екипи ќе се сретнат Астон Вила и Вест Хем.
Натпреварите од третото коло во англискиот ФА Куп ќе се играат во периодот од 10 до 13 јануари 2025.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА