Ждрепка: Едно големо дерби во ФА Купот на Англија

Арсенал и Манчестер јунајтед ќе ги одмерат силите во најинтересниот натпревар од четвртото коло во ФА Купот на Англија, беше одредено со ждрепката извршена вечерва по завршувањето на дуелот меѓу Вулверхемптон и Ливерпул (2-1).

„Топчиите“ во минатото коло лесно славеа над Блекпул, но во четвртата рунда ќе имаат тешка задача против „црвените ѓаволи“, кои играат далеку подобро под водство на Оле Гунар Солскјер.

Од останатите натпревари, Тотенхем го очекува градско дерби со Кристал палас, додека Манчестер сити повторно е супер-фаворит, добивајќи домашен дуел со Барнли.

Лесна задача би требало да има и Челси, кој ќе игра на домашен терен против подобриот од дуелот Шефилд венздеј – Лутон.

 

Се вчитува...