Ждрепка ќе го одлучи домаќинот на првиот меч во финалето меѓу Алкалоид и АЕК

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат да испишуваат историја, па во втората сезона во која овој тим е дел од европските натпреварувања „сино-белите“ од Автокоманда стигнаа до првото европско финале, обезбедувајќи учество во финалето од ЕХФ Европскиот куп во кое ќе се сретнат со грчки АЕК.

Двата финални меча ќе се играат на 18/19 мај односно една седмица подоцна, а домаќинството ќе го одлучи ждрепка во просториите на ЕХФ во Виена.

Кој ќе биде домаќин на првиот меч, а кој на реваншот ќе се дознае утре на ждрепка во Виена со почеток во 11 часот.

Алкалоид има шанса да испише историја и да дојде до првиот меѓународен трофеј само неколку сезони од стартот на постоењето на овој клуб.

Се вчитува...