Ждрепка ЛЕ: Ристовски со Спортинг против Астана, Арсенал и Милан со лесни противници

Нашиот репрезентативец Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон ќе се соочи со дебитантот Астана во шестинаестфиналето од Лигата на Европа. Арсенал како единствен анлиски претставник исто така ги очекува дуел со дебитанти во ова натпреварување, екипата на Естерсунд.

Џенаро Гатузо со својот Милан ќе патува во Бугарија каде влез во следната рунда ќе бараат преку Лудогорец. Атлетико Мадрид ги очекува лесна пресметка со Копенхаген, а ќе има и двобој меѓу третопласираните екипи од ЛШ, Наполи и Лајпциг, додека Аталанта ќе биде непријатниот противник на Дортмунд.

Противниците на Вардар од нивната група, Зенит и Реал Сосиедад ќе се соочат против Селтик, односно Салзбург. Српскиот шампион Партизан ќе бара пласман во следната фаза преку Викторија Плзен, додека Црвена звезда ги очекува тешка пресметка со ЦСКА Москва.

ДВОЈКИ ЗА 1/16 ФИНАЛЕ

Борусија Дортмунд – Аталанта

Ница – Локомотив Москва

Копенхаген – Атлетико Мадрид

Спартак Москва – Атлетик Билбао

АЕК Атина – Динамо Киев

Селтик – Зенит

Наполи – Лајпциг

Црвена звезда – ЦСКА Москва

Олимпик Лион – Вилјареал

Реал Сосиедад – Салзбург

Партизан – Викторија Плзен

Стеауа Букурешт – Лацио

Лудогорец – Милан

Астана – Спортинг Лисабон

Естерсунд – Арсенал

Олимпик Марсеј – Брага

Се вчитува...