Ждрепка Лига Европа: Италијанска пресметка во осминафиналето

Две италијански екипи ќе ги одмерат силите во осминафиналето од Лигата на Европа, беше одлучено со ждрепката што се одржа денеска во Нион. Рома и Болоња ќе играат еден против друг, со што Италија ќе остане со еден четвртфиналист во второто по квалитет европско натпреварување.

Нотингем Форест за противник ќе го има Митјиланд, додека Лил по драматичната елиминација на Црвена Звезда ќе се сретне со Астон Вила, тим што се вбројува меѓу главните кандидати за трофејот.

Штутгарт го очекува двомеч со Порто, Лион ќе се сретне со Селта, додека Панатинаикос за ривал во осминафиналето ќе го има тимот на Бетис.

Се вчитува...