ЖДРЕПКА ЛИГА НА КОНФЕРЕНЦИИ: Шкупи во Литванија, Македонија ЃП во Летонија, Шкендија доби противник од Велс

Трите наши тима кои летово ќе ја преставуваат Македонија во Лигата на Конференции, ги добија своите противници во 1. квалификациско коло.

Екипата на Шкупи го доби тимот на Хегелман од Литванија. Првиот меч чаирчани гостуваат, а вториот го играат како домаќини. Интересно е да се напомене дека шампионот Струга ТЛ во претходната ждрепка доби противник од Литванија во името на Жалгирис.

Македонија ЃП, освојувачот на Купот ќе патува во Летонија, од каде го доби тимот на РФС за противник. Првиот меч ѓорчепетровци го играат на свој терен, а реваншот како гостин.

Тетовска Шкендија доби на хартија лесен противник. Тие ќе играат најпрво дома против Хаверфордвест Каунти од Велс, а потоа ќе гостуваат во битката за 2. Квалификациско коло во Лигата на Конференции.

ДВОЈКИ ЗА 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЛК

Шкендија – Хаверфордвест Каунти (Велс)

Македонија ЃП – РФС (Летонија)

Хегелман (Литванија) – Шкупи

Се вчитува...