ЕКИПА во Љубљана,
Стеван Цаневски
Репрезентацијата на Украина ќе биде ривал на македонските ракометарки во бараж-двомечот за пласман на СП 2023 што ќе се одржи во Шведска, Данска и во Норвешка.
На ждрепката што се одржа денеска во Љубљана Македонија беше извлечена претпоследна од носителите, за ривал добивајќи селекција со која „црвено-жолтите“ можат да се надигруваат и да се надеваат на мундијалски настап.
Бараж-натпреварите за пласман на СП 2023 ќе се играат во април следната година. Првиот меч ќе се игра во Македонија на 7/8 април, а реваншот ќе биде на теренот на противникот на 11/12 април 2023.
ДВОЈКИ ЗА БАРАЖОТ
МАКЕДОНИЈА – Украина
Турција – Србија
Романија – Португалија
Исланд – Унгарија
Полска – Косово
Италија – Словенија
Германија – Грција
Швајцарија – Чешка
Австрија – Шпанија
Хрватска – Словачка
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА