Ждрепка: Супер-дуели во полуфиналето од Лигата на Нации

Биткaта за тронот во Лигата на Нации што ќе се води во октомври 2021 ќе биде суперинтересна, откако денеска беа извлечени полуфиналните двојки за завршниот турнир од ова натпреварување.

Програмата ќе ја отвори домаќинот Италија, на 6 октомври против големиот ривал Шпанија. Еден ден подоцна ќе се игра второто полуфинале, во кое силите ќе ги одмерат Белгија и Франција. Победниците од овие два меча на 10 октомври 2021 година ќе се сретнат во големото финале, во обид да ја наследат Португалија на тронот во Лигата на Нации.

Овие натпревари ќе се играат на два стадиони, „Алијанц Арена“ во Торино и на „Сан Сиро“ во Милано, каде ќе биде одиграно и големото финале.

Се вчитува...