Ждрепка во ЛШ: Реприза на финалето, Барселона оди во Белград, Динамо против Баерн М. и Борусија Д.

Денеска беше извршена ждрепката во новиот формат во Лигата на шампионите, каде што ќе има неколку интересни дуели. Реал Мадрид и Борусија Дортмунд само неколку месеци по финалето во Лондон, одново ќе се сретнат овојпат во Мадрид. Реал ќе игра и против Ливерпул на гости, и Милан дома.

Ханс Флик со Барселона ќе го чека својот Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Баерн Минхен е еден од ривалите и на Динамо Загреб, на Адеми и на Ристовски. Динамо ќе го пречека дома и тимот на Борусија Дортмунд. „Милионерите“ ќе играат и пртоив најголемите шпански клубови Барселона и Реал Мадрид.

Баерн Минхен покрај против Барселона, ќе игра и со ПСЖ. ПСЖ, пак, против Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Црвена Звезда двапати ќе гостува во Милано, и на Интер и на Милан.

Распоредот на натпреварите ќе биде познат во сабота попладне.

ЖДРЕПКАТА ЗА ЛШ:

Се вчитува...