ЖДРЕПКА ВО НЕАПОЛ: Одбојкарите денеска ги дознаваат противниците за ЕП 2023 на кое домаќин е и Македонија!

Македонската одбојкарска репрезентација денеска од 17 часот преку ждрепката во Неапол ќе ги дознае противниците за Европското првенство 2023, чиј коорганизатор е и Македонија.

За нашите одбојкари ова ќе биде трето едноподруго големо натпреварување на европската сцена, по Љубљана 2019 година и Тампере 2021 година.

Македонија, поради фактот дека е домаќин на првенството заедно со Италија, Бугарија и со Израел, ќе биде носител во очекување на ждрепката од првиот шешир.

„Каква и да биде ждрепката, ние му се радуваме на Европското првенство 2023. Тоа ќе биде круна на оваа генерација во машката репрезентација, ќе им отвори перспективи на помладите, а нам ќе ни даде шанса да се докажеме како добри организатори на настан со оваа тежина. Се надевам дека гледачите ќе уживаат во елитна одбојка, а ние ќе ја претставиме Македонија во најдобро светло. Искрено, немам некоја посебна желба за тоа кои репрезентации да дојдат во Скопје, секако ќе биде атрактивно“ – вели генералниот секретар на ОФМ Зоран Карановиќ.

РАСПРЕДЕЛБА НА ШЕШИРИТЕ ПРЕД ЖДРЕПКАТА ЗА ЕП 2023

ПРВ ШЕШИР: Италија, Бугарија, МАКЕДОНИЈА, Израел

ВТОР ШЕШИР: Словенија, Полска, Србија, Холандија

ТРЕТ ШЕШИР: Германија, Чешка, Франција, Украина

ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Турција, Финска, Белгија, Португалија

ПЕТТИ ШЕШИР: Грција, Шпанија, Романија, Швајцарија

ШЕСТИ ШЕШИР: Данска, Црна Гора, Естонија, Хрватска

Се вчитува...