Двократниот европски шампион Вардар немаше среќа во денешната ждрепка за квалификациите за Лигата на Европа, откако за противник го доби германскиот гигант Рајн Некар Левен.
Вардар првиот меч ќе го игра на домашен терен на 26. или 27. август, додека реваншите се закажани за една недела подоцна.
Вториот македонски претставник во квалификациите во европските натпреварувања, ГРК Тиквеш за противник во 2. коло во ЕХФ Европскиот куп го доби Фортоф Кремс од Австрија. Првиот натпревар кавадарчани ќе го играат на домашен терен, на 14/15 октомври.
Во женскиот ЕХФ Европски куп актуелниот шампион на Македонија, Ѓорче Петров за противник го доби црногорскиот Тиват. Чаир ќе патува во Холандија каде ќе се сретне со Венло, додека Куманово ќе игра против Херцегонбусе од Швајцарија.
Првите натпревари ќе се играат на 23/24 септември. Реванш натпреварите една недела подоцна. Сите наши екипи доколку нема промени првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА