Ждрепка за ФА Купот: Челси имаше најмногу среќа

Екипата на Челси имаше најмногу среќа на полуфиналната ждрепка за ФА Купот, откако „сините“ го избегнаа Манчестер Сити и најверојатно Ливерпул (вечерва игра со Нотингем) на патот до финалето од најстарото фудбалско натпреварување.

Избраниците на Томас Тухел во полуфиналето ќе се сретнат со екипата на Кристал Палас, која денеска го елиминираше Евертон. Во второто полуфинале Манчестер Сити ќе се сретне со победникот од вечерашниот меч меѓу Нотингем Форест и Ливерпул.

Доколку Ливерпул го мине овој ривал, тогаш „црвените“ и „граѓаните“ ќе играат два суперинтересни дуели во рок од една седмица, терминот за полуфиналето е 16 април, додека големото премиерлигашко дерби во Манчестер е закажано за 10 април.

Пеколниот распоред на Ливерпул ќе продолжи со заостанатиот премиерлигашки дерби-дуел со Манчестер Јунајтед што е закажан за 19 април на „Енфилд“.

Се вчитува...