Денеска во Нион беа извлечени паровите за плеј-офот во Лигата на шампионите. Освојувачот на трофејот, тимот на ПСЖ ќе мора да го мине Монако во битката за одбрана на тронот, за да се пласира во 1/8 финалето во најелитното европско натпреварување.
После кратко време Бенфика и Реал Мадрид одново ќе играат меѓусебно, откако португалскиот тим пред неколку дена го победи со 4-2, и тоа благодарение на голот на голманот Трубин, со кој се пласираа во следната фаза.
Од поинтересните двојки, Галатасарај ќе игра двомеч со Јувентус. Лесни задачи добија Интер и Њукасл. Интер гостува во Норвешка кај Бодо, додека Њукасл ќе се судри со Карабах.
Финалето во Лигата на шампионите се игра на 30 мај во Будимпешта.
ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЛШ
Бенфика – Реал Мадрид
Бодо Глимт – Интер
Монако – ПСЖ
Карабах – Њукасл
Галатасарај – Јувентус
Бриж – Атлетико Мадрид
Борусија Дортмунд – Аталанта
Олимпијакос – Баер Леверкузен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

