Фудбалерите на Шкендија денеска го добија и името на противникот за втората рунда од квалификациите за ЛШ, доколку во првата фаза успеат да го елиминираат тимот на ТНС од Велс.
Тетовци во случај на пласман во второто коло, таму за противник ќе го имаат подобриот од двомечот меѓу ФЦСБ од Романија и Интер Есакаладес од Андора, во кој романскиот тим важи за апсолутен фаворит.
Шкендија би ја имала улогата на домаќин на првиот меч закажан за 22/23 јули, а реваншот ќе се одигра на 29/30 јули на теренот на противникот.
Од останатите натпревари, српскиот првак Црвена Звезда својата европска авантура ќе ја почне со двомеч против подобриот од дуелите меѓу Викингур и Линколн.
Новиот хрватски шампион Ријека ќе се бори за место во следната квалификациска фаза со подобриот од двомечот меѓу Лудогорец и Динамо Минск.
Најинтересен дуел од второто квалификациско коло би требало да биде оној меѓу Панатинаикос и Глазгов Ренџерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

