Македонскиот шампион Шкендија денеска од 12 часот во Нион ќе го добие противникот за 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите.
По скратувањето на екипите во подгрупи, тетовци веќе ги знаат петте можни противници за стартот на европското натпреварување. Сосема е јасно дека желбата во таборот на Шкендија е да се избегнат кипарскиот и унгарскиот шампион, АПОЕЛ односно Видеотон. Меѓу можните противници се уште и Карабах од Азербејџан, Шериф од Молдавија и Њу Сеинтс од Велс.
Веднаш по ждрепката за првото квалификациско коло, Шкендија потоа ќе ги дознае и можните противници за следните рунди натпревари, продолжувањето во квалификациите за Лигата на шампионите или пак евентуалното подоцна префрлување во квалификациите за Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА