Ждрепка за ЛШ: Сите шпански тимови – носители, ПСЖ е „бомбата“ што ќе сакаат да ја избегнат

Групната фаза од Лигата на Шампионите финишираше со денешните последни натпревари, по што се познати и 16-те екипи кои го продолжуваат својот поход до тронот на фудбалска Европа.

Ждрепката за осминафиналните двојки е закажан за понеделник, а она што е интересно, четирите екипи од Шпанија ги освоија првите места во своите групи и ќе ја имаат улогата на носители на ждребот. Друштво ќе им прават германските Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, потоа актуелниот европски првак Манчестер Сити, како и екипата на Арсенал.

ПСЖ е најзвучното име што сите ќе сакаат да го избегнат од шеширот на неносители, додека најпосакуван ривал дефинитивно ќе биде Копенхаген, иако данскиот состав веќе го елиминираше Манчестер Јунајтед од Лигата на Шампионите.

За разлика од шпанските тимови, италијанските претставници не успеаја да стигнат до врвот во групите, Милан беше елиминиран од ЛШ, додека Наполи, Лацио и Интер како неносители ќе ја очекуваат понеделничката ждрепка.

НОСИТЕЛИ: Баерн Минхен, Арсенал, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Барселона.

НЕНОСИТЕЛИ: Копенхаген, ПСВ Ајндховен, Наполи, Интер, Лацио, ПСЖ, Лајпциг, Порто.

Се вчитува...