Ждрепка за новата сезона во ПМФЛ: Шкупи тргнува од Кавадарци, Академија Пандев ја пречекува Брегалница

Актуелниот македонски шампион, екипата на Шкупи одбраната на титулата во новата сезона 2022/23 во Првата македонска фудбалска лига ќе ја стартува од Кавадарци со пресметката против Тиквеш, одлучи денешната ждрепка во ФФМ.

Дел од ждрепката беше и екипата на Ренова, која претходно најави и можност за откажување од лигата, но на крај „гипсарите“ ќе играат во новата сезона главно со младински состав. Ренова ќе ја стартува новата сезона со гостувањето против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Академија Пандев, пак, во 1. коло во Струмица ја пречекува Брегалница, а Шкендија во Тетово ќе го пречека Скопје.

Првото коло од новата сезона во ПМФЛ се игра на 6. август.

ПМФЛ – СЕЗОНАТА 2022/23 (1. коло – 6. август)
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
Академија ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА
СТРУГА Трим Љум – ПОБЕДА
ТИКВЕШ – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РЕНОВА

Се вчитува...