Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ дозна за своите ривали на овогодинешниот УС Опен каде ја брани титулата.
Инаку, на овој турнир српскиот тенисер ќе има можност да ја освои 25. Грен слем титула, како и 100. трофеј во кариерата.
Се одржа ждрепката за третиот Грен слем во сезоната, а Ѓоковиќ, кој е втор носител, првиот меч ќе го одигра против квалификациите.
Во вториот го чека подобриот од мечот Ласло Ѓере – Јан Ленард Штруф. Карлос Алкараз е во делот од ждрепката каде е Јаник Синер, па потенцијален ривал на Новак во полуфиналето е Александар Зверев.
One step closer.
The US Open men’s singles draw is out! pic.twitter.com/gM38w7oapj
— US Open Tennis (@usopen) August 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

