И покрај огромните пари, високиот буџет и одличните играчи, Пеп Гвардиола повторно не успеа да ја освои Лигата на шампионите со друг тим освен Барселона. Манчестер Сити минатиот викенд беше запрен во финалето на ЛШ од Челси. „Сините“ славеа на стадионот „Драгао“ со минимални 1-0 и заслужено се искачија на врвот на Европа.
Поразот во финалето за Гвардиола и Сити значи ново трошење пари, што е на некој начин неопходно по заминувањето на Серхио Агуеро.
Пеп најде ново засилување во Бундеслигата. На местото на Агуеро, Каталонецот посакува да дојде во Манчестер напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва. Англискиот шампион веќе стапил во контакт со Жорже Мендеш, кој го претставува португалскиот напаѓач. Според цените на фудбалскиот пазар, трансферот нема да се реализира за цифра помала од 40 милиони евра.
Силва постигна дури 28 гола во Бундеслигата во сезоната 2020/21 и беше еден од најдобрите играчи во ова натпреварување, па не е изненадување што Гвардиола го посакува меѓу „граѓаните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА