Желимир ги одби Грците: До лето само фамилија!

Најтрофејниот европски тренер, Желимир Обрадовиќ кој девет пати ја освои Евролигата, во интервју за грчката телевизија ЕРТ откри какви се неговите моментални планови:

„Во моментов немам ништо друго на ум, освен моето семејство. До крајот на јуни сигурно нема да работам во ниту еден клуб. Во тој период немам намера да разгледувам никакви понуди за ангажман, без оглед од каде доаѓаат“, беше јасен Обрадовиќ.

За потсетување Обрадовиќ го водеше Партизан четири и пол сезони, а претходно направи едногодишна пауза откако го напушти Фенербахче. Исто беше и во 2012 година, кога го напушти Панатинаикос, а потоа чекаше една година за да го преземе следниот клуб, што беше токму Фенер.

Се вчитува...