Серија лоши резултати во Евролигата и во Грција за прв пат ја загрозија позицијата на Ергин Атаман во Панатинаикос, па грчката јавност полека почнува да бара негова замена.
Бидејќи дискусијата за иднината на „зелената“ клупа веќе е отворена, атмосферата дополнително ја загреваат грчките обложувалници кои веќе ги објавија квотите за тоа кој ќе биде следниот тренер на Панатинаикос.
Врз основа на она што се случуваше во последните денови, како и изјавите на самиот Атаман, како и на сопственикот Димитрис Јанакопулос, се бара нов тренер на ПАО.
Фаворит за тренерското место во Панатинаикос е Желимир Обрадовиќ. Обрадовиќ е слободен, и иако годините поминаа, неговата врска со Панатинаикос и со клубот како организација и со навивачите останува силна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

