Желимире врати се: Партизан доживеа дебакл на домашен терен од Болоња

Кошаркарите на Партизан го доживеаја првиот пораз во ерата по Желимир Обрадовиќ откако денеска беа декласирани на домашен терен од Виртус Болоња со 68-86 во меч од 16. коло од новата сезона во Евролигата.

Oткако белграѓани одиграа егал прво полувреме со противникот, следуваше голем пад во вториот дел кој на крајот донесе лесна победа за италијанскиот великан од 68-86. Карсен Едвардс со 20 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Браун постигна 15 поени.

Во останатите натпревари од вечерашната понуда: Жалгирис – Анадолу Ефес 64-87, АСВЕЛ – Баерн 76-74.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...