Жељко Обрадовиќ ги казни кошаркарите на Партизан по поразот од Макаби

Кошаркарите на Партизан, се убедливо поразени од Макаби во Тел Авив во првиот меч во Евролигата во новата сезона. Лошото издание на српскиот тим го разлути тренерот Жељко Обрадовиќ, а кошаркарите неговиот бес можеа да го почувствуваат ден подоцна.

Црно-белите после мечот во Тел Авив имаа рано будење во шест часот наутро, потоа лет до Белград. Но тоа не беше се. Вечерта кошаркарите имаа тренинг, и покрај тоа што беше планирано да имаат слободен ден.

Тренингот минал во пеколен ритам. Ова најдобро кажува дека легендарниот Обрадовиќ многу им се налутил на своите соиграчи за партијата која ја пружија во Тел Авив.

Се вчитува...