Жељко Обрадовиќ го построил и претседателот на Реал Мадрид: Ова ви се случува сега и никогаш повеќе

Жељко Обрадовиќ важи за тренер кој што е еден од најкреативните кога станува збор за нападот, тренер кој бара многу од своите играчи, но и тренер со голем авторитет кој не го чувстуваат само оние под него во клупската хиерархија, туку и еден претседател на клуб, како што открива поранешниот американски кошаркар Џо Арлаукас.

Американецот со литванско потекло беше дел од тимот на Реал Мадрид кој го предводеше српскиот стратег во сезоната 1995/96. Говорејќи за шоуто на Евролигата, „Кросовер“ поранешната кошаркарска ѕвезда откри интересна ситуација од тимски состанок со претседателот на клубот.

„Имавме лош старт на сезоната. Имавме тимски состанок со претседателот и тој доцнеше на него 20 минути. Влегува претседателот и започнува да збори, а Жељко станува и му вели. „Господине претседател пред да почнете сакам да кажам две работи. Прво, никогаш нема да откажете мој тренинг без пред време да ми кажете бидејќи јас имам распоред на кој се држам. Второ, ако се состанувате со моите играчи ќе бидете тука 10 минути пред тие да дојдат. Никогаш повеќе не покажувајте таква непочит пред мојот тим во иднина“. Го погледав и си помислив „Тој е човекот за кој сакам да играм“, откри Арлаукас.

Се вчитува...