Кошаркарите на Партизан синоќа во Белград славеа со 100-90 против Анадолу Ефес со што си ги вратија шансите за место во плејофот од Евролигата оваа сезона.
Пред стартот на дуелот со турскиот тим висеше во воздух прашањето дали е опадната довербата кон тренерот Жељко Обрадовиќ по серијата претходни порази на тимот, но одговор даде преполната Арена во Белград.
Навивачите на Партизан, како никогаш досега, со стоечки овации го пречекаа Обрадовиќ на паркетот, притоа и со бројни транспаренти со поддршка за тренерот на црно-белите, покажувајќи дека популарниот Жоци се уште е ненадминлива легенда на Партизан.
„Одличен кошаркарски натпревар, честитки за моите играчи затоа што победивме одличен тим. Императив за победа постои на секој натпревар и откако седнав на клупата – секогаш е така. Мило ми е што играчите дадоа се од себе. Дадоа и имаа неверојатна енергија во многу добар кошаркарски натпревар против одличен противник кој знае да игра. Големо задоволство за она што го направија. Честитки за играчите. Ова е тимска победа. Се разбира дека енергијата што доаѓаше од трибините беше нешто многу важно. Горд сум и среќен што фановите извикуваа дека сум еден од нив. Горд сум и среќен што сум тренер на овој клуб кој најмногу го сакам. Горд и среќен што навивачите го препознаваат тоа. Јас немам повеќе друг кошаркарски дом, или Партизан или пензија“ – истакна Обрадовиќ по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА