Жељко Обрадовиќ казнет по пријава за навреда од хрватски судија

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, е казнет со 2.500 евра поради однесувањето по натпреварот со Будуќност што „црно-белите“ по голема битка го загубија со 82-77.

Трофејниот стратег е санкциониран по пријавата од хрватскиот судија Лука Кардум, кој веднаш по мечот во записникот ги навел заканите упатени кон него од страна на шефот на стручниот штаб на Партизан.

„Жељко Обрадовиќ, тренерот на КК Партизан, е казнет по 27. коло од АБА лигата поради непочитување кон службените лица, судијата на натпреварот Лука Кардум, кој поднесе пријава против Обрадовиќ. Како што наведува Кардум, Обрадовиќ при излегувањето од соблекувалната му се обратил со зборовите: Додека сме ние овде во Партизан, вие веќе нема да ни судите ниту еден натпревар. Ако вие ни судите, јас веќе нема да бидам тренер на Партизан. Не сум човек што со тоа ќе излегува во медиумите, но ќе сторам се за тоа да биде така“ се вели во извештајот на АБА-лигата.

Се вчитува...