Жељко Обрадовиќ, најдобар тренер во Евролигата

Српскиот стратег Жељко Обрадовиќ е избран за најдобар тренер за изминатата сезона во Евролигата. Ова е очекувано, со оглед дека го предводеше тимот на Фенербахче до историската прва титула шампион на Европа, а за него беше вкупно деветта. Наградата „Александар Гомељски“ ја добива токму по гласовите од своите колеги од струката.

После Обрадовиќ, според гласовите се пласираше Јанис Сферопулос (Олимпијакос), а третото место го поделија Сито Алонсо (Басконија) и Шарунас Јасикевичиус (Жалгирис).

 

Се вчитува...