Жељко Обрадовиќ повторно ќе „реконструира“: Партизан го чека нова неизвесност за новата сезона!

Според италијанските медиуми, Партизан на крајот од сезоната ќе остане без тројца кошаркари. Според италијанскиот кошаркарски инсајдер Андреа Калцони, црно-белите ги очекуваат сериозни кадровски промени на крајот од сезоната 2024/25. Френк Ниликина, Брендон Дејвис и Двејн Вашингтон ќе го напуштат Партизан.

Ниликина, кој пристигна како значајно засилување, не успеа да остави голем белег оваа сезона. Тој беше надвор од терените во поголемиот дел од сезоната поради повреда.

Калцони наведува дека „неколку клубови се заинтересирани за Ниликина“, кој не настапи на последните три натпревари на црно-белите во АБА лигата и Евролигата.

Брендон Дејвис имаше многу постабилна сезона, често беше дел од ротацијата на Жељко Обрадовиќ, но и тој, според истиот извор, следната година би можел да биде надвор од тимот. Ниту за него нема да има место во тимот во сезоната 2025/26, пишува Колзони, иако неговиот придонес на теренот беше далеку поконстантен од оној на Ниликина.

Што се однесува до Двејн Вашингтон, неговата разделба со тимот изгледа веќе извесна. На почетокот на март испадна од ротацијата поради низа слаби игри, а Калцони истакнува дека неговото заминување е јасно.

За потсетување, Партизан настапите во Евролигата за оваа сезона ги заврши со неодамнешниот пораз од Жалгирис во Каунас. Сепак, црно-белите во продолжението од натпреварувачката година ќе се борат за титули во АБА лигата и домашната Суперлига.

Се вчитува...