Тренерот со најмногу титули во Евролигата и според многумина најдобар во Европа, Жељко Обрадовиќ вечерва против Фенербахче ќе испише нова историја.
Популарниот Жоц денеска по 500. пат ќе води тим во Евролигата. Никој досега не успеал да го постигне ова достигнување. Овие претходни 499 натпревари во Евролигата се бројат од 2000 година кога Евролигата се одвои од ФИБА и стана лига управувана од Здружението на клубови.
Тоа значи дека во оваа бројка не се вклучени натпреварите кои Жељко ги водеше додека беше тренер на Партизан (во првиот мандат), Хувентуд, Реал Мадрид и Бенетон.
Обрадовиќ досега во Евролигата има 337 победи што е 67,5 отсто успешност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА