По двата порази во Евролигата, Партизан го очекува гостување кај изненадувањето на сезоната, екипата на Париз кој е предводена од македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.
Натпреварот во главниот град на Франција ќе биде одигран во четврток од 20 часот и 45 минути, а на него во „црно-белиот“ дрес ќе настапи и Карлик Џоунс, еден од најдобрите кошаркари на Партизан кој заработи повреда на дуелот против ФМП.
„Марио Накиќ не е тука. Не можам да прогнозирам, но најверојатно ќе биде надвор од теренот во следните седум до десет дена. Митар Бошњаковиќ е болен и не тренираше утрово. Не тренираа и Ифе Лундберг и Карлик, но сега се со нас. Тренираа денеска. Останатите се во ред. Покушевски имаше проблеми со петата и не играше во Железник, но сега е добар“, откри искусниот српски стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА