Жељко Обрадовиќ ја оствари целта, со Партизан стигнувајќи до титулата во АБА-лигата со што „црно-белите“ имаат и загарантирано место во Евролигата за натпреварувачка сезона. Тренерот на Партизан уште еднаш се покажа како тактички генијалец, добивајќи ја битката со Душко Ивановиќ, во мајсторката во која Партизан доминираше и го контролираше резултатот од почетокот до самиот крај.
Во изјава по освојувањето на пехарот, Обрадовиќ обелодени како го извлекува максимумот од своите играчи, но и како оценува од кого може да очекува да прерасне во кошаркар од највисока класа.
„Јас ги провоцирам моите кошаркари, кога на крајот од тренингот ќе им кажам да шутнат дополнителни, да речее 50 шута, а јас останувам и ги гледам како работат. Сето тоа трае седум-осум минути и потоа голем дел од нив одат кон соблекувалната. Мене не ме интересира колку шута ќе погодат од тие 50, туку кој ќе остане да продолжи да шутира и да тренира, без јас да го побарам тоа од него. Така се гледа дека сака да стане голем играч“, изјави Жељко Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА